Трајан Басеску предлага преговори со Москва за обединување на Романија и Молдавија

Од:

Поранешниот романски претседател Трајан Басеску изјави дека Букурешт треба да почне преговори со Москва за обединување на Романија и Молдавија, пишува денеска весникот „Романиа либера“.

Во изјава дадена на Летниот универзитет во Извору Мурешулуј, Басеску посочи дека „постојат исклучително многу аргументи за почнување на разговори со Москва за ова прашање“, но како основа за нив треба да биде присутно „познавањето на фактот дека граѓаните на Република Молдавија го сакаат тоа“.

Според анкета, нарачана од невладината организација „Универзитетски фонд на Црноморскиот басен“ и цитирана од агенцијата ТАСС,  минатата недела 47 проценти од Молдавијците биле категорично против обединување со Романија, а 20 проценти биле повеќе против оваа идеја. Истовремено, 13 проценти од анкетираните цврсто застанале зад обединивањето на двете држави, а 15 проценти биле повеќе наклонети да го поддржат, отколку да го отфрлат тоа обединување.

Басеску, како романски претседател во два мандата смета дека Букурешт треба да го употреби аргументот дека во Молдавија живее романско малцинство, користејќи ги аналогиите на Москва во Абхазија и Осетија, на пример, дека ги заштитува граѓаните кои го говорат рускиот јазик. Според Басеску, романската дипломатија треба да биде поактивна и да не се плаши дека ќе ја налути Москва, затоа што „Путин е човек со кого може директно да се зборува”.

Според Басеску, при евентуално почнување на вакви разговори, Букурешт треба да биде сигурен дека нема да добие изненадување од Парламентот во Молдавија, кој, на пример, може да гласа против.

Поранешниот романски претседател предупреди дека во евентуалното обединување не може да се вклучи и Приднестровјето, бидејќи Русија нема да ги повлече своите војници и опрема оттаму, а и ЕУ нема да прифати ниту една држава со замрзнат конфликт.

Басеску изјави дека кога ја изложува оваа идеја тој го нема предвид „обединувањето со сила“, туку преку политичко решение, кое ќе биде донесено на референдум или со решение на парламентите на двете држави.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски