Сите оние што имале патики од марката „Конверс“ знаат дека од нивната надворешна страна има две мали дупчиња.
Една од нивните функции е сосема јасна – да овозможат „дишење“ на нозете во патиките, но има и уште една функција за која знаат само малкумина.
Имено дизајнерите ги поставиле овие две дупчиња за да овозможат индивидуално врзување на патиките по желба на нивниот сопственик. Со тоа се овозможува патиката дополнително да се прицврсти на ногата, што може да се направи на повеќе начини.
Индивидуалното врзување на е вообичаена практика, но по појавата на ова видео можено е наскоро и тоа да стане тренд.