Спасовски: Солидарност со граѓаните, апелираме за поголема вклученост на институциите

Од:

Денеска Социјалдемократскиот сојуз со своите волонтери повторно е во кризните подрачја. Направивме и посета, меѓутоа и во групи активирани за да се помогне на семејствата заради тоа што навистина е потребна сериозна помош, за да може колку толку да се врати во нормала животот во Сингелиќ, во Стајковци, ВО Црешево и во сите други населени места каде што денеска ги посетуваме, рече Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ.

Апсолутно, мислам дека секој одговорен човек во Република Македонија треба да биде солидарен во овој момент со жителите на овие населени места, со жителите на Скопје.

Да им помогнеме без притоа да се прави било каква поделба по било каква основа, ниту верска, ниту политичка, ниту национална основа и да заборавиме на разно разни начини на дистрибуција на помош коишто селектираат поединци или поедини семејства.

Исто така, апелирам да се вклучи целосно механизацијата во Република Македонија заради тоа што имаме многу фирми коишто добиваат државни тендери, коишто работат за државните институции, за да немаме поголема хуманитарна катастрофа, да има што е можно повеќе камиони, градежни машини коишто ќе можат да го изнесат целиот овој отпад пред да прерасне во еколошка катастрофа.

Мислам дека е потребно исто така, веднаш да се донесат и сериозни одлуки да бидат граѓаните од овие места бидат ослободени од комуналните услуги пред се, мислам на вода и на надоместокот за чистота заради тоа што токму во овие моменти имаат сериозна потрошувачка на вода и во тој дел ќе треба да направи државата сериозни решенија и одлуки коишто ќе треба да допринесат веднаш да имаме помош.

Интервентно мора и барам да и Владата и Собранието утре да заседаваат да се донесат одлуки за еднократна парична помош на сите семесјтва коишто се настрадани, заради тоа што се неопходно потребни и да имаме комисии, што е можно повеќе комисии коишто ќе проценуваат штети за да можат и овие штети да им се надоместуваат на граѓаните.

Сериозни се загубите, сериозни се штетите. Најголемата загуба за Република Македонија и за Скопје е тоа што имаме човечки жртви, меѓутоа ова треба да биде сериозна поука за Владата на Република Македонија, за институциите во државата дека мора да функционираат во секој момент за да не ни се случуваат какви катастрофи или барем да ги намалиме последиците од од нив.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: СДСМ е против Законот за локална самоуправа, власта им одзема право на граѓаните да одлучуваат

(ВИДЕО) Спасовски за случајот „Галате“: На Македонија не и се потребни инциденти, особено не во делот на меѓуетничките односи

(ВИДЕО) Спасовски: Да не се заборави 27 април – најцрниот датум во историјата на македонската демократија

Горан Наумовски

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари, двојна победа за европски живот во Македонија

Ковачевски и Спасовски побарале апанажа: За една година ќе добијат по 30.000 евра

A1on

Спасовски: МВР ја завршува годината со инвестирани 17 милиони евра во 80 реконструирани објекти и за 35 отсто зголемени плати