Форумот на слободоумни патриоти бара да се прогласи вонредна состојба

Од:

Форумот на слободоумни патриоти вели дена е неприфатливо однесувањето на државата и нејзините институции и начинот на кој тие се справуваат со кризата.

„Итно ја повикуваме Владата, Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, како и Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи:

– Раководењето со кризниот штаб да го превземе АРМ, по не знам кој пат се покажа дека Тодоров освен за сликање, за ништо друго не го бидува.

– Ги повикуваме пензионираните припадници на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана да се вклучат во расчистувањето на поплавите. Станува збор за докажани професионалци, кои ќе одговорат на висина на задачата.

– Да се прогласи вонредна состојба и целата администрација да се упати во погодените подрачја, се со цел побрзо и поефикасно да им се помогне на луѓето.

– Итно да се имплементира стратегијата за справување со природни незгоди, бидејќи според нас, заради неконтролираната градежна експанзија планината Водно е едно од следните критични подрачја.

Исто така ги повикуваме политичарите веднаш да прекинат со пропагандата, да прекинат да парадираат низ поплавените региони и да креваат тензии, на населението им треба помош, а не сликање“, соопшти Форумот.

Би можело да ве интересира

Отворено писмо на Форумот на слободоумни патриоти до македонската јавност

Ана Ололовска

ФСП: Македонскиот народ масовно да ја бојкотира оваа фарса наречена Референдум

Ана Ололовска

ФСП: Велепредавникот Заев во целост да го објави предавничкиот договор

Ана Ололовска

ФСП: Иванов да не го потпишува штетниот закон за употреба на јазиците

Ана Ололовска

ФСП до Заев: Ветивте живот, а не паради по градовите и евтин политички маркетинг

Ана Ололовска

ФСП: Груевски одигра штетна улога на сметка на македонските национални прашања

Ана Ололовска