Полицајци готвеа вечера за осамена стара брачна двојка

Од:

Четворица италијански полицајци станаа херои на денот, откако светот дозна како успеале да утешат осамена стара брачна двојка во Рим.

Полицијата добила извештај дека некој плаче и вика во еден од становите, а кога дошле на посочемата адреса ги пронашле 84-годишната Џола и нејзиниот 94-годишен сопруг Микеле, објави весникот „Република“.

Несреќните стари лица биле „неутешно осамени“, а откако ги растажиле депримирачките вести од насловните страни на весниците, не можеле да престанат да плачат. Двојката нема деца, најблиските соседи им се отселиле и тие се чуствувале сами и заборавени.

Полицијците решиле да ги утешат и им зготвиле вечера – шпагети со пармезан, а потоа со нив ја минале целата вечер со цел да ги расположат.

Веста за внимателните полицајци набрзо се прошири во италијанските, а потоа и во светските медииуми, а милиони читатели веднаш ги прогласија за херои на денот. 

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ