Партнерите кои се пет години разлика имаат поголеми шанси за раскинување на врската отколку партнерите кои се врсници, покажуваат резултатите од една неодамна спроведена студија.
Во студијата учествуваа три илјади лица, а експертите се интересираа во колкава мера разликата во годините меѓу партнерите влијае врз квалитетот на односите.
Оние кои од партнерот биле постари или помлади десет години имале 39 отсто повеќе шанси за раскинување, а оние со 20 години разлика имале 95 отсто поголема шанска за ставање крај на врската.
Истражувачите дојдоа до заклучок дека најдобра разлика во годините е една година и оти овие парови имаат три отсто шанса за раскинување.
Експертите веруваат дека причината за ваквите резултати е фактот дека луѓето во различни периоди од животот сакаат поинакви работи, поинаку гледаат и ги ценат животните вредности и на поинаков начин го гледаат и доживуваат светот.