Единиците на АРМ дејствуваа во скопско Стајковци во извлекување од поплавени објекти

Од:

Еден од тимовите на македонската армија, која ноќта кон неделата помага во справувањето со последниците од големото невремe беше во скопското село Стајковци, каде е ангажиран на извлекување на локалното население од поплавени станбени објекти, а министерот за труд и социјална политика Диме Спасов изјави дека сите надлежни институции се на теренот, на граѓаните им се пружа максимална поддршка и помош.

Единици на АРМ доцна ноќта во саботата беа упатени на местата кои се сметаат за најкритични во моментов. За таа цел се употребуваат армиски „хамери“ и камиони опремени со макари за извлекување на заглавени возила. Командантот на Полкот за специјални операции (ПСО) е на командно место, информираат од кабинетот на шефот на државата.

Претходно во саботата вечерта по повод невремето што зафати делови од земјата и особено скопскиот регион, Претседателот и Врховен врховен командант, Ѓорге Иванов ја задолжи АРМ да ги стави сите расположливи капацитети на располагање со цел да се помогне во санирањето на штетите предизвикани од невремето.

„Владата заедно со поголем број на институции, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за одбрана, АРМ, екипи и од Црвениот крст се излезени на терен. Сите служби се обидуваат на граѓаните да им дадат максимална поддршка и помош кои се погодени од невремето“, изјавви за ТВ НОВА, министерот министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој го посети кризниот штаб кој градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски го формираше по невремето и поплавите во Скопје.

Спасов истакна дека според првичните информации поголеми штети има во скопскиот, а помали во тетовскиот регион.

„Неочекувано дојде до поголеми поплави во поголем број на населени места во скопско. Институциите се веќе на терен и се обидуваме максимално да им дадеме поддршка на сите кои им е потребна помош“, рече Спасов.

Би можело да ве интересира

Активности на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје

Емир Латифовиќ

ФОТО: Невремето пристигна и на југот од Македонија

Емир Латифовиќ