Карлос Слим: Луѓето да работат три дена неделно

Од:

Мексиканскиот милијардер Карлос Слим смета дека луѓето би требало да работат три дена во седмицата.

– Луѓето денес живеат подолго, поздрави се, не се присилени на тешка физичка работа. Денешната цивилизација бара повеќе знаење и повеќе искуство, а помалку физичка подготвеност. Мислам дека би требало да одат подоцна во пензија и да работат три дена неделно, изјави Слим во интервју за Блумберг.

Идејата на Слим не произлегува од чист алтруизам, туку тој се раководи од деловната логика. Слим смета дека радикалното скусување на работната недела ќе поттикне отворање нови работни места и ќе обезбеди поголема динамика во стопанството. Ако луѓето бидат слободни четири дена во неделата, не само што тоа ќе го зголеми нивниот квалитет на живот, туку ќе доведе и до голем раст на туризмот, индустријата на забава, култура, спорт, па и образование.

Сопственикот на мексиканската телекомуникациска компанија беше најбогат човек во светот, а денес е на седмото место на листата најбогати на „Форбс“, со богатство кое се проценува на 49,1 милијарда долари.

Слим наведува дека во историјата секогаш напредокот на технологијата доведувал до намалена потреба од човековиот труд.

– Наместо да отпуштате работници, скусете им го работното време. Ќе можат подоцна да одат во пензија и на општеството тоа секако ќе му се исплати, бидејќи значително помала сума пари ќе оди на исплата на пензии, изјави Слим, кој во 76. година од животот не ни помислува да се пензионира.
Идејата за тродневна работна недела не доаѓа само од Слим. Медиумите во Велика Британија пред неколку дена објавија резултати од студија, според која работниците се продуктивни само три дена во неделата, а кога е жешко и спарно само два ипол дена.

Би можело да ве интересира

Јапонците испишаа историја: Слим слета на Месечината и оствари контакт

А1он