Музалас: Договорот меѓу ЕУ и Турција мора да се применува

Од:

Договорот меѓу ЕУ и Турција мора да се применува, изјави грчкиот министер за миграциска политика Јанис Музалас, истакнувајќи дека не само Анкара, туку и Унијата може да го прекрши договорот, наведувајќи го ставот на чешкиот претседател како пример.

Во изјава за телевизијата „Скај“, Музалас истакна дека Турција работи согласно договорот и оти Европската комисија и другите европски лидери секој ден се обидуваат да го прават истото.

– Ако договорот не успее, ќе се соочиме со тешки предизвици. Ако повторно почнат да доаѓаат големи бранови мигранти, тогаш ниту една земја нема да биде во можност да се справи со нив … Се плашиме, се подготвуваме и свесни сме дека ако проблемот се врати тогаш ќе се соочиме со тешки предизвици, рече тој.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Музалас, исто така, рече дека од 60.000 бегалци и мигранти во Грција, 30 до 40 илјади имаат право да заминат за Европа, но има одложувања.

– Четири илјади лица беа преселени и имаме уште 4.000 подготвени да ја напуштат земјата, но не постојат слободни места во Европа, рече тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Додик: Бараме начин момчињата од Српска да служат војска во Србија, би им дале привилегии

ВИДЕО: Додик запеа по победата на Трамп

Додик: Западот го резервира Балканот за своите цели

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

Осмооделенец избоде ученичка со нож во училиште во Суботица

Предраг Петровиќ