Брегзит предизвика пад на основната камата на Банката на Англија на рекордно ниско ниво

Од:

Британската централна банка, Банката на Англија денеска соопшти дека ја намалува својата основна каматна стапка на само 0,25 отсто.

Тоа претставува најниско ниво на оваа каматна стапка во историјата на британското банкарство и е последица на одлуката на Британците да ја напуштат ЕУ.

Досегашната основна камата на Банката на Англија, која исто така беше мошне ниска, изнесуваше 0,5 отсто.

Каматата беше намалена во 2009 година како последица на тешката банкарска и кредитна криза, што избувна во октомври 2008 година и се закануваше да предизвика пропаѓање на главните банки во земјата.

Денешната одлука на Банката на Англија, веднаш предизвика пад на вредноста на британската фунта на лондонската и на другите берзи во Европа и во светот.

Во соопштението на централната банка за намалувањето на основната камата се вели дека ваквата мерка е неопходна за да се стимулира британската економија по одлуката за Брегзит.

Освен намалувањето на основната камата, Банката на Англија одобри и итен откуп на 60 милијарди фунти државни обврзници, како и на уште десет милијарди средства на компаниите.
Банката на Англија одлучи и драстично да го намали предвидениот раст на домашната економија за 2017 година од 2,3 отсто колку што беше прогнозирано пред три месеци, на само 0,8 отсто.

Британски финансиски и економски експерти проценуваат дека реалниот раст пред крајот на оваа година ќе се движи околу нула проценти и дека на британската економија ќе и бидат потребни 100 милијарди фунти за нејзиното одржување во живот, според рецептот што веќе беше применет периодот 2008-2009 година, кога се спасуваа банките од целосен банкрот.

Експертите очекуваат Брегзит да предизвика пад на економскиот раст, зголемување на невработеноста, раст на инфлацијата и пад на цените на зградите и становите, што ќе донесе нарушување на пазарот на недвижен имот, кој е важен за британската економија.
Интервентните мерки за спас на економијата доаѓаат само пет недели по референдумот од 23 јуни и покажуваат дека тогашните предупредувања да не се гласа за Брегзит не биле само „заплашување на гласачите“, како што тврдеа и се уште тврдат оние кои агитираа за напуштање на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Барние: Британија отфрла секакво одложување на Брегзит

Ана Ололовска

Почнува клучната фаза од преговорите за Брегзит

Ана Ололовска

Зајберт: Меркел и Џонсон набрзо ќе разговараат за Брегзит

А1он

Шкотска е подготвена да поддржи секого кој е против Брегзит

А1он

Нема судење за Џонсон поради „лажењето за Брегзит“

А1он

Хамонд: Брегзит-от без договор ќе биде спречен

А1он