Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, ги повика жителите на престолнината да останат мирни, но и „будни“, пое синоќешниот напад со нож во центарот на Лондон и рече дека безбедноста на граѓаните е неговиот нависок приоритет.
Како што пренесе Танјуг, една жена е убиена, а пет лица се ранети кога 19-годишно момче со нож нападна минувачи на фрекфентниот Расел сквер во Лондон, а полицијата испитува дали станува збор за психијатриски случај или за тероризам.
„Ги повикувам граѓаните на Лондон да останат мирни и будни. Ве молам да ја информирате полицијата за се што е сомнително. Сите имаме важна улога да помогнеме во заштитата на Лондон и да бидеме очи и уши на нашата полиција и безбедносни служби“, наведе Кан во соопштението пренесено од британските медиуми.