Напаѓачот во Лондон, кој синоќа со нож уби една жена, а повреди пет други лица, е 19 годишен тинејџер, соопшти лондонската Метрополитен полиција.
Комесарот на полицијата Бернард Хоган-Хау, во првата изјава за британската јавност, изјави дека „менталното здравје (на напаѓачот) е значаен фактор„ во овој инцидент, но потврди дека полицијата испитува и дали станува збор за терористички напад.
Напаѓачот, чиј идентитет засега не се открива, веднаш по апсењето е сместен во специјална болница, каде е чуван од полицијата.
Нападот се случи доцна синоќа, веднаш по 22,30 часот, на лондонскиот Расел Сквер, во центарот на бритаскиот главен град, во близината на познатиот Британски Музеј.
Млад маж, почнал да ги прободува со нож лугето кои се затекнале на плоштадот.
Една жена, на шеесетина година им подлегнала на тешките повреди, додедека другите петмина ранети-две жени и тројца мажи- имаат здобиено различен степен повреди, но не се јавува дека некој од нив се наоѓа во животна опасност.
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан изјави дека се испитува мотивот за нападот.
„Ги повикувам сите лондончани да останат мирни, претпазливи и будни„- рече Кан, порачувајќи дека полицијата прави се што е во нејзина моќ за да обезбеди бебзедност за населението на главниот град и за бројните негови посетители.
Полицијата се сомнева во терористички напад , затоа што нападот на Расел Скверот е идентичен со таквите напади, на тинејџери, извршени во Израел и во Ерусалим во изминатите десет месеци, но и во Европа во последно време.
Сличен таков напад, со нож и со секира, беше извршен минатиот месец во еден воз во Германија.