Дали сакате ова лето да бидете сирена или кит: Одговорот на една мајка ја воодушеви планетата

Од:

Оглас за еден фитнес центар предизвика реакција на мајка која одговори на неверојатен начин и ги доби симпатиите нај многу  жени во целиот свет.

„Пред некое време на влезот во една теретана, имаше фотографија на многу убава слаба жена. Над нејзината глава пишуваше: „Ова лето  сакате ли да бидете сирена или кит“?

Јас им одговорив:

Драги мои,

Китовите секогаш се опкружени со пријатели (делфини, фоки, љубопитни луѓе), сексуално се активни и нежно ги чуваат своите деца. Заедно со делфините лудо се забавуваат, прават добри забави, каде добро се јаде. Пливаат по цел ден и патуваат на места како Патагонија, Баренцово Море или до коралните гребени на Полинезија. Многу убаво пеат и понекогаш дури снимаат ЦД-а со своите гласови. Импресивни се и сакани, а добрите луѓе ги брнат и им се восхитуваат.

Сирените не постојат.

Но кога би постоеле, би стоеле во редица пред психо-клиниката, затоа што како прво би имале проблем на подвоена личности: жена или риба?

Не би можеле да бидат сексуално активни, ниту да раѓаат деца.

Да, би биле слатки, но  осамени и тажни.

И би мирисале на риба. Тоа ретко, кој може да го поднесе.

Ако треба да се избира – би избрала да бидам кит.

Сакам да јадам сладолед со децата, да вечерам со партнерот, да јадам, пијам и се забавуват со пријателите, колку и да се трудат медиумите да ни наметнат слабеење.
Ние жените се дебееме затоа што во нас се насобира толку многу искуство и мудрост  се до главата, па убаво се проширува телото.

Значи не сме дебели, туку ни се наметува слабеење.

И секогаш кога ги гледам своите облини во огледало, помислувам:„Колку сум величествена“. 

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ