Малолетно девојче, мртво, најверојатно удавено е пронајдено во напуштениот базен во поранешната ,,Кумановска бања” во Проевце. Телото на девојчето е предадено на обдукција која треба да ги покаже и причините за смртта, пренесе Радио Бум.
Неофицијално, група на деца го користеле напуштениот базен, но девојчето незнаејќи да плива влегло и се удавило.
Полицијата извршила увид на местото на настанот и се чека официјална информација за немилиот настан.
Девојчето било на возраст од 11 години.
Кумановската бања, е напуштена и руинирана. Со неа стопанисуваше А.Д. Бисерка која по стечајната постапка, се користеше без надзор , на црно.