Турскиот претседател потпиша претседателски декрет за воведување промени во армијата, што се должи на неуспешниот обид за државен удар на 15 јули годинава.
Со новиот декрет, дава овластувања на претседателот и премиерот да даваат директни наредби на командантите на армија, воздухопловните сили и морнарицата.
Покрај тоа, се затвораат неколку воени училишта, се воспоставува нов универзитет за национална безбедност, воените команданти се поставени директно под надлежност на Министерството за одбрана и се отпуштаат и 1.389 војници.
Ердоган почна голема чистка во земјата по обидот за воен удар, за кој го обвини верскиот лидер Фетулах Ѓулен.
Турскиот претседател вчера во интервју за приватната телевизија „Хабер“ рече дека сака да ги стави под контрола на претседателот и турската агенција за разузнавање и Генералштабот на армијата.