Младата машка ракометна репрезентација на Македонија е поразена од Данска домаќинот на Европското првенство за играчи до 20 години.
Во натпреварот од 2.коло на Ц групата, кој се одигра во Колдин, македонските младинци, се поразени данските врсници со 18:23 полувреме 11:10.
Иако одиграа одлично прво полувреме во кое имаа и три гола предност, сепак во вториот дел избраниците на селекторот Александар Јовиќ беа далеку од играта која ја прикажаа во првите 30-минути. Тоа младите Данци знаеја како да го искористат и на крајот заслужено стигнаа до втората победа на првенството, нанесувајќи и го на Македонија вториот пораз.
Најефикасен во редовите на црвено-жолтите беше Филип Талески со 8 голови, додека Давор палевски постигна 3.
Претходно во оваа група селекцијата на Холандија ја победи Норвешка со 31:28 .
Токму Холандија е следниот противник на македонските млади ракометари во натпреварот кој ќе се игра во недела од 18 часот.