Грчките острови „окупирани” од Холивуд

Од:

 Голем број светските ѕвезди и ова лето ја избраа Грција како дестинација за својот одмор, пишува весникот „Етнос”.

Како секоја година, така и оваа, најпосакуван е грчки „космополитски” остров Миконос.
На почетокот на оваа седмица, на „островот на ветровите“ со приватен авион пристигна „оскаровецот“ Леонардо ди Каприо, кој со четворица пријатели ќе помине неколку безгрижни денови среде синото Егејско Море. На тој остров намина и фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, по својот престој на Наксос.

Минатата седмица пак, на Миконос престојуваше и глумецот Џерард Батлер со својата сакана. Таму беше и оној кој неколкупати „умре машки” – Брус Вилис. Тој со својата луксузна јахта ги посети и Ираклија, Фолегандрос и Кимолос.

На дводневен престој на Миконос, исто со пријатели, сo jaхта доплови и Тоби Мегваер, попознат како „Спајдермен”, пред да го продолжи крстарењето на незаменливиот Санторини.  
„Речиси фамозната” Кејт Хадсон пак, за своја летна дестинација годинава го одбра островот Скијатос.

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ