Денешните деца помалку играат надвор во однос на нивните родители

Од:

Едно истражување спроведено во Велика Британија покажа дека денешните деца поминуваат половина помалку време играјќи си на отворено во однос на нивните родители.

Британската Национална фондација спроведе истражување на над илјада семејства со деца на возраст од четири до 14 години, а резултатите не се изненадувачки. Осумдесет осто од родителите веруваат дека е важно децата да научат да ја користат модерната технологија, а 96 отсто од нив сметаат дека е важно и да поминуваат повеќе време на отворено.

Истражувањето покажа дека сепак и покрај желбата на родителите децата во денешно време играат четири часа дневно во однос на 8.2 часа, колку што играле на отворено нивните родители.

– За некои стапот е само стап. Ние сакаме да ги поттикнеме младите луѓе да сфатат дека можностите се бескрајни. Стапот може да биде меч, молив, вештерка, метла, змеј. Така би требало да изгледа детството – на отворено, исполнето со авантура и фантазија, изјави ѕвездата на „Игра на престолите“ Ралеи Ричи, кој се најде и во британската кампања за враќање на децата кон „вистинското детство“.

Класичните игри како криенка и плочка се заменети со онлајнд и други игри, а повеќечасовното седење во детството се поврзува со дебелеењето и многу болести во подоцнежните години.

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ