Ердоган го обвини Израел за етничко чистење

Од:

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го обвини Израел дека изведува етничко чистење, прекршувајќи ги меѓународните закони и окупирајќи палестинска територија, пренесе агенцијата Анадолија.

Ердоган зборуваше на заседание на парламентарната група на неговата Партија на правдата и развојот (ППР).

-Без воопшто да ги почитува мирот во регионот и газејќи по меѓународното право, Израел изведува етничко чистење против еден народ. Чекор по чекор ја окупира палестинската територија, изјави турскиот премиер, цитиран од приватната телевизија Си Ен Ен-Турк.

Според Ердоган, Палестинците, „кои се лишени од најосновните човекови права, сосема основано го користат своето право на отпор и легитимна заштита заради окупацијата и обидот за етничко чистење“.

-Се обраќам од тука кон целиот западен свет: никој не може да каже Израел го употребува своето право на заштита. Во моментов Израел сее терор на Блискиот исток, додаде турскиот премиер.

Ердоган уште и истакна дека не верува во праведноста на ОН.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски