Селена Гомез се расплака на бината, а потоа им порача на обожавателите дека повеќе не може да се поврзе со музиката, но и со самата себе.
-Се плашам. Морам да го преиспитам својот живот. Да размислам која сум. Никогаш не лажев, па нема ниту сега порача 24 годишната Селена Гомез.
Таа напиша драматична порака на социјалните мрежи и ги збуни фановите кои се прашуваат дали Гомез ќе продолжи со кариерата или ќе се повлече од сцената. Таа се расплака на сцената во Џакарта, а сите се загрижија за нејзиното здравје со оглед дека долги години се бори со депресијата.
-Одам на терапии. Луѓето постојано во лице ми велеа дека сум дебела. Беше одвратно. Јавно ме критикуваа поради дебелината и тоа ме уништи, рече тогаш Гомез.
Пред три години паузираше во кариерата и тогаш некои спомнуваа дека е трудна, а други тоа го објаснуваа со депресијата, додека некои за состојбата посочуваа на Џастин Бибер.
Причина сепак беше болеста поради која Селена мораше да го промени стилот на живеење.
-Боледувам од лупус и поради тоа ми е многу тешко да се носам со се околу мене, рече пејачката.