Голем број врски почнуваат со страст и интензивни емоции, но дел од нив може да прераснат во емоционално насилна врска. Следните пет знаци се предупредувачки дека сте во нездрава врска.
Одите како „на јајца“
За да избегнете вознемиреност кај партнерот, мошне сте внимателни со цел да не предизвикате негативни емоционални реакции. Живот во насилна врска значи дека никогаш не знаете што може да има влијание врз емоционалната затегнатост на односите без оглед на тоа колку и нешто да е безначајно.
Вашиот партнер може да изрази емоции (и да ве тестира), но вие не можете
Емоционално насилните врски се неурамнотежени. За вашиот партнер е во ред гласно да го изразува своето негативно мислење и критики кон вас, но кога вие ќе ги изразите негативните емоции, дури и оние најблагите, тогаш станувате субјект на критики или уште полошо, емоционална одбивност, гадење и игнорирање.
Вашиот партнер не ви верува (ниту на вашите емоции)
Често, емоционално насилните поединци имаат ниска стапка на самопочитување, што доведува до недоверба кон партнерот како и верувањето дека изразот на незадоволсто од ваша страна е наменски креиран за да го повреди. Секој израз на емоции од ваша страна прераснува во негов контра напад.
Не можете да разговарате за проблемите со кои се соочувате во врската
Која било форма на критика, емоционално насилната личност ја смета за напад врз себе, а вие одбегнувате конфликти за проблемите со цел да се одржи мирна и стабилна емоционална средина.
Имате константно чувство на збунетост и заробеност
Да се биде жртва на емоционално насилна врска може да се има многу негативно влијание врз вас и можете да имате чувство на емоционална збунетост и заробеност. Емоционално насилниот партнер може да ги користи емотивните „замки“ за да ве задржи во врската („Ми требаш да ми помогнеш“, „Не можеш да ме оставиш сам“). Често, како жртва, се чувствувате беспомошно за да направите нешто да ја промените ситуацијата.
Што да се направи?
Постојат само два избора. Едниот е да изберете стручна помош, советувалиште, како заеднички така и индивидуално. Вториот е прекинување на врската (кој е и многу подобар).
Никој не треба да трпи, емоционално, психичко или физичко насилство.Никогаш.