Шпрље: Во Србија се водат истраги за воени злосторства против 43 хрватски државјани

Од:

Хрватскиот министер за правда, Анте Шпрље, денеска изјави дека во Србија се водат истраги против 43 хрватски државјани врз основа на законот за универзалната јурисдикција на Србија за воените злосторства на територијата на поранешна Југославија, соопшти агенцијата Хина.

-Тоа што официјално го знаеме е дека на списокот фигурираат 43 лица, рече министерот како одговор на новинарско прашање.

„Колку што знаеме тие се под истрага, но се уште не се обвинети“, додаде тој.

Хрватскиот весник „Вечерњи лист“ во петокот напомена дека во хрватското општество со години наназад се зборува за список со имиња на 300 лица кои се бараат од Србија, а од организациите на ветераните за весникот наведуваат дека знаат за список со имињата на околу 40 ветерани, за кои српското обвинителство покажува интерес.

Хрватската Влада инсистира Србија да го повлече својот закон за јурисдикција врз воените злосторства, извршени на територијата на поранешна Југославија.

Министерот за надворешни работи Миро Ковач неодамна соопшти дека доколку Србија уапси хрватски државјанин под обвинение за воени злосторства, тогаш Хрватска ќе приложи остри контрамерки, а една од нив ќе биде целосно блокирање на сите преговори во процесот на приклучување на Србија кон ЕУ.

Запрашан токму за тоа, хрватскиот министер за правда изјави дека „не може една држава да ги наметнува своите права врз друга. Така ќе се поставиме и на тој начин ќе преговараме со Србија. Се надевам дека Србија ќе ја разбере нашата позиција и дека ќе можеме да се договориме“.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Дијана (27) загина во автомобилот со соседот и трите деца: Очевидци ги опишаа деталите за страшната сообраќајка кај Ушче

Предраг Петровиќ

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ