Ју „Мартин“ Ксу, бизнисмен од Кина, кој барал љубов на погрешни места, пред извесно време бил „ограбен“ од извесна „ескорт агенција“, за ни помалку, ни повеќе, туку 3,7 милиони долари.
Овој не така бистар деловен човек тврди дека платил за секс со топ-моделот Кендис Свејнпол и со глумицата Меган Фокс, позната по филмовите од серијалот „Трансформери“.
Сосема (не)очекувано, ниту една од овие две убавици не се појавила на догорените состаноци, па незадоволниот клиент одлучил да ја тужи агенцијата.
Од агенцијата сепак, не признаваат дека го измамиле Ксу, но нивната одбрана за на суд се уште се подготвува. За расплетот на целата оваа ситуација ќе треба да почекаме.