Давутоглу: Членките на НАТО се согласни на Турција да и дадат ракети „Патриот“

Од:

Земјите членки на НАТО се согласни на Турција да и испорачаат ракети „Патриот“, што ќе бидат разместени долж границата со Сирија, а разговорите за ова прашање се во завршна фаза, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу, цитиран од британските медиуми.

„Земјите од НАТО, кои имаат ракети „Патриот“ се познати. Ние постигнавме спогодба со овие земји. Официјалната молба ќе биде подготвена што е можно побрзо“, изјави на прес конференција турскиот шеф на дипломатијата.

Тој дополни дека во моментов тече интензивна допломатска активност за ова прашање и дека разговорите се во својата финална фаза.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски