Ердоган: На Оџалан не му ветивме ништо за да го прекине штрајкот со глад на Курдите

Од:

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ги негираше тврдењата дека турските власти му дале ветување на курдскиот бунтовнички лидер Абдула Оџалан за курдските затвореници и групата курдски политичари да го прекратат штрајкот со глад.

Ердоган, кој зборуваше пред новинарите на враќање од Египет, истакна дека на Оџалан не му било ветено ништо во замена за неговиот повик до Курдите кои штрајкуваа да го прекинат штрајкот, што траеше 68 дена, пишуваат весниците „Милиет“ и „Сабах“.

Премиерот, исто така, посочи дека не гледа проблем во тоа претставници на разузнавањето-МИТ понекогаш да го посетуваат островот Имрала, на кој Оџалан ја издржува казната доживотен затвор, и да се среќаваат со него.

-Важно е проблемот да биде разрешен, изјави Ердоган.

Премиерот, исто така, подвлече дека владата има програма за надминување на курдскиот проблем. Според него, сегашната власт во земјата спокојно може да ги нарече етничките Курди „свои курдски браќа“ и дека при срце му е реонот на југоисточна Анадолија, каде населението е доминантно курдско.

-Луѓето таму имаат доверба во Партијата на правдата и развојот, рече Ердоган и ги истакна досегашните чекори на неговата владеачка партија во правец на проширување на правата на Курдите.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски