Авиопревозникот САС избегна банкрот

Од:

Водечкиот скандинавски авиопревозник САС избегна банкрот откако денеска со сите осум синдикати потпиша нов колективен договор, со кој се предвидува укинување на работните места и намалување на платите и пензиите поради повторно воспоставување на конкурентноста и профитабилноста на компанијата.

Седум синдикати од Шведска, од Норвешка и од Данска веднаш го одобрија планот за штедење, но данското здружение на кабинскиот персонал ЦАУ, поголемиот дел од денот остана на страна.

За САС, во кој владите на Шведска, на Норвешка и на Данска имаат половина сопственост, беше неопходно синдикатите да го потпишат планот за реструктурирање за да се задоволат сопствениците и кредиторите.

Компанијата последните години има голема конкуренција од евтините регионални авиопревозници, а новите мерки за намалување на трошоците ќе придонесат за зајакнување на на конкурентноста и профитабилноста на компанијата.

Планот за реструктутирање, што беше претставен минатата недела предвидува укинување на 800 административни работни места, како и намалување на 15.000 работни места на 9.000.

Би можело да ве интересира

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран

Несреќа во Франција: Се урнаа два борбени авиони

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Летовите од аеродромот во Братислава се прекинати поради предупредување за бомба