Бркаа покемони во Босна и влегоа во минско поле

Од:

Хуманитарната организација “Посавина без мини“ од Брчко добила информации дека одредени корисници на апликацијата “Покемон Го“ во БиХ влегуваат во ризичните полиња со мини за да го уловат покемон.

-Се молат сите граѓани да не го прават тоа и да ги почитуваат знаците за минска опасност и да не влегуваат во подрачјата кои им се непознати, објави организацијата на својата Фејсбук страна.

Играта “Покемон Го“ функционира така што се уклучува геолокација на мобилниот телефон и се прикажува мапата по која играчот се движи. И така се додека не се појави покемон.

Тогаш играта се префрла во виртуелна реалност-на екранот на мобилниот се гледа реалниот простор во кој играчот се наоѓа преку камерата на телефонот, а покемон може да се појави на дрво, во фонтана, на улица..па и во минско поле.

Би можело да ве интересира

Руски обвинител бара 3,5 години затвор за блогер што ловел покемони в црква

Наум Локоски

Играта ја зеде првата жртва-убиен тинејџер кој провалил во куќа да улови Покемон