Викендов 43. Галичка свадба

Од:

Во Галичник викендов ќе се одржува 43-тата Галичка свадба, на која годинашни младенци се Сан­дра Стан­ко­виќ и Але­ксан­дар Ри­сте­ски. Тие утре ќе се венчаат во цр­ква­та „Све­ти Петар и Пав­ле“ откако ќе ги поминат сите обичаи на свадбата која во Галичник има вековна традиција. 

И годинава се очекувает илјадници посетители од Македонија и од странство кои ќе имаат можност да видат 30-ина оригинални свадбени обичаи што почнуваат во сабота попладне и продолжуваат во недела, проследени со народни носии, песни и ора и со звуците на зурли и тапани. 

Галичката свадба опстојува токму поради својата автентичност и неповторливост. Во минатото се правеле масовни свадби, секогаш околу Петровден (12 јули) кога печалбарите од ова мијачко село  доаѓале во родниот крај.

Би можело да ве интересира

Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска годинешни зет и невеста за Галичката свадба

Катерина Ѓуровски

Претседателот Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска на „Галичка свадба“

Почнува „Галичка свадба 2017“

Наум Локоски

Втор ден од 42. Галичка свадба

Емир Латифовиќ

Две двојки се венчаа на Галичката свадба

Емир Латифовиќ

Денеска во Галичник свадба со две невести

Емир Латифовиќ