Слично како спортските повреди на лактите предизвикани од играње на тенис или бејзбол и љубителите на селфи фотографиите исто така се изложени на здравствен ризик на овој дел од телото при секое фотографирање.
Овој необичен феномен прва го забележа новинарката на телевизијата Ен-Би-Си, Хода Кобт, која почуствувала болка во лакотот и решила да отиде на лекар.
Водителката изјави дека откако некое време чувствувала болки во лакотот, отишла кај ортопед.
– Лекарот ме праша дали сум играла тенис или пинг-понг. Бев изненадена, бидејќи не се бавам со спорт. Му реков дека само правев селфи фотографии, додаде таа.
Ортопедот констаирал дека оваа „повреда“ настанува затоа што при селфи фотографирањето раката е подигната, а лакотот е свиткан под неприроден агол.
Лекувањето е едноставно, а подразбира антивоспалителни лекови и студени облоги.
– Всушност, блиската поврзаност на луѓето и технолошката опрема предизвикува здравтсвени проблеми. Тенисерите заболуваат од т.н. тениски лакот, а љубителите на селфи фотографирањето од „селфи лакот“, вели спортскиот физиотерапевт Џордан Мецел.
Кобт сепак изјави дека нема намера да престане да прави селфи фотографии, но дека сега ќе ја менува раката со која го држи телефонот.