Тинејџер смисли начин за избегнување на плаќањето казни за паркирање

Од:

 Осумнаесетгодишниот Британец Џошуа Браудер креираше веб страница на која корисникот ќе може на најдобриот можен начин да состави жалба за добиена казна за паркирање.

На странуцата DoNotPay.co.uk жалбата се пишува сама, а корисникот треба само да ја испрати. Целата постапка трае неколку минути и притоа корисникот „разговара“ со робот, кој поставува прашања и преку одговорите собира податоци пред да ја напише жалбата.

„Дали сообраќајниот знак беше доволно видлив?“, „Дали мислите дека местото за паркирање беше премало?“…, се само дел од прашањата. Одговорите овозможуваат да се пронајде основа за жалбата.

– Многумина од оние што се казнети немаат доволно познавања, време или пари за да состават квалитетна жалба. Над половина од корисниците на веб страницата досега го избегнаа плаќањето на казната, изјави Браудер за „Индепендент“.

Според досетливиот тинејџер, резултатите засега се одлични.

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ