Канадски пејач се охрабри и го смени текстот на химната

Од:

Канадската музичка група „Тенори“ ја изненади публиката на стадионот во Сан Диего кога еден од музичарите во текот на изведувањето на националната химна го смени текстот и ја додаде фразата „Сите животи се важни“.

Квартет објави порака на извинување на Твитер, правдајќи се дека не знаеле дека нивниот колега планира тоа да го направи. Тие велат дека се посрамени и шокирани од одлуката нивниот колега да го измени текстот на канадската национална химна. Тие потенцираа дека неговиот потег бил срамен и оти тој повеќе нема да настапува со нив.

Членот на Тенори, Ремиго Переира во текот на изведбата на химната на Ал стар бејзбол натпреварот ја замени фразата „Со своите срца го гледаме твоето искачување, Северот е силен и слободен“ со „Сите сме ние браќа и сестри, сите животи се важни“.

– Ме погоди страшното губење на животи во последно време и се надевав дека ќе можем позитивно да влијаам со својата изјава, која нас би не сплотила. Тоа беше моја мотивација, рече  Переира.

Дебатата за расната поделба во САД по неодамнешните смртни случаи на Афроамериканците и американски полицајци е во полн замав, па така и овој политички ориентиран случај во Канада доби големо внимание од медиумите. 

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ