Инсталирани нови пумпи за водоводот во општина Демир Хисар

Од:

Општина Демир Хисар по завршувањето на реконструкцијата на градската водоводна мрежа на која се поврзани потрошувачите од градот и населените места Суводол, Кутретино и Слепче, почна со инсталација на нови пумпи за локалниот водовод.

Од секторот за односи со јавност на општина Демир Хисар информираат дека првпат по две и пол децении вршат заменување на пумпните поостројки во двата црпни бунари кај селото Граиште и во прецрпниот базен кај селото Мургашево.

– Станува збор за капитална инвестиција во вредност од 8.6 милиони денари или околу 140 илјади евра, средства обезбедени преку проект за водоснабдување и одведување на отпадни води на Министерството за транспорт и врски, од Европска инвестициска банка и македонската Влада. Со дел од сопствени средства за изработка на техничката документација учествуваше и општина Демир Хисар, односно ЈКП „Комуналец“. Паралелно со инсталирањето на оваа опрема, се поставува и електромагнетен мерач на проток, како и потполно нова командна табла и нов софтвер за автоматско работење на системот, соопштуваат од општина Демир Хисар.

Општина Демир Хисар по инсталирањето на новата опрема, со сопствени средства и стручен тим, ќе ги репарира постојните постројки, а со завршувањето на овој проект честите прекини во водоснабдувањето како резултат на дефектите на старите пумпи ќе бидат запрени.

Би можело да ве интересира

Вработена во средното училиште во Демир Хисар заработи пријава од МВР за наводно одземање или уништување службен печат или спис

Горан Наумовски

Најдовски: Директорката Маја Лозановска од СОУ „Крсте Петков Мисирков“ е законски разрешена

Горан Наумовски

Разрешен е началникот кој ќе носеше директорка на училиште на носилка во полициска станица

А1он

(ВИДЕО) И на носилки директорката на средното во Демир Хисар во полициска станица – да биде разрешена

А1он

Двајца прилепчани се осомничени дека предизвикале пожар во Демир Хисар

Левица: Директорот сака да го укине превозот на работниците во психијатриската болница – Демир Хисар