Босанскиот министер за правда Зоран Микулиќ потврди дека затворите во Федерацијата Босна и Херцеговина се преполни. Тој за весникот „Дневни аваз“ изјави дека е голем бројот и на оние кои мораат да издржуваат казна, а се наоѓаат во бегство, па за 244 лица е распишана потерница.
Во босанските казнено – поправни домови до почетокот на минатиот месец имало 1.788 затвореници, вклучувајќи го и домашниот притвор со електронски надзор, а до почетокот на годинава дури 859 осуденици биле на слобода, чекајќи на издржување затворска казна.
Микулиќ истакна дека најголем проблем е сместувањето на оние кои во состојба на психичка непресметливост извршиле кривични дела.