Во супермаркетите во Романија задолжително треба да се продаваат 51 процент романски производи

Од:

Романскиот претседател Клаус Јоханис потпиша денеска закон со кој романските супермаркети задолжително треба да продаваат најмалку 51 процент на производи како месо, земјоделски производи, јајца и зеленчук со романско потекло, јави БТА.

Предлог законот, кој го одоби Јоханес, беше даден од страна на романскиот парламент минатиот месец. 
Мерката е предвидена само за маркетите кои имаат годишен промет од над 2,2 милиони долари. 

Трговците кои нема да го почитуваат законот ќе бидат казнети со глоба во висина од 24.600 до 36.800 долари. 

Законoт е критикуван од страна на Асоцијацијата на трговци на големо, според кои оваа мерка може да доведе до зголемување на цените.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски