За време и по синоќешното финале на Европското фудбалско првенство меѓу Португалија и Франција, пред навивачката зона кај Ајфеловата кула во Париз дојде до дивеење на навивачите и судири со полицијата.
Според првичните информации, во немирите нема потешко повредени.
Немирите започнале кога француската полиција поради огромниот број луѓе го затворила влезот во навивачката зона крај Ајфеловата кула. Потегот на полицијата предизвикал бурна реакција меѓу навивачите кои почнале да дивеат, да палат канти и контејнери и да кршат се околу себе. Биле запалени и неколку автомобили.
За да ги смири навивачките страсти, полицијата употребила водени топови и солзавец.
Навувачката зона, во која собира 90.000 луѓе, всушност била преполна два часа пред почетокот на натпреварот.
Поради страв од можни терористички напади, стадионот „Стад де Франс“ и главните пунктови во градот ги обезбедувале повеќе од 5.000 полицајци.