Стрелецот на победничкиот гол за Португалија во синоќешното финале на ЕУРО 2016 против Франција изјави дека голема верба во него имал Кристијано Роналдо.
– Кристијано ми кажа дека ќе постигнам гол кога ќе влезам во игра. Тоа ми даде дополнителен мотив и енергија. Иако не игравме најдобро што се однесува до техничкиот аспект, бевме како сплотени, гиневме едени за други. Селекторот Сантош е вистински наш предводник. Тој ни наметна филозофија да веруваме дека можеме ова да го оствариме – изјави јунакот на Португалија.
Едер во игра влезе во 79. минута на местото на Ренато Санчез, а во 109. минута го постигна голот вреден победа и трофеј на Европското фудбалско првенство што изминатите триесетина дена се одржуваше во Франција.