Унгарскиот премиер ја обвини ЕК за кризата во ЕУ

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја обвини Европската комисија дека е најодговорна за кризата во ЕУ, која, според него, станала очевидна со Брегзит и ги повика државите да ги преземат работите во свои раце.

Орбан за денешното издание на весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ истакнува дека треба да се прекине со „идеализирање на европскиот проект“.

Според него, главна причина за кризата во ЕУ е што границите на Унијата и лимитот за буџетскиот дефицит биле постојано нарушувани од владите „со молчеливо одобрение на ЕК, која требала да го спречи тоа“.

– Поради тоа двете најголеми европски постигнувања се загрозени, а тоа се заедничката валута и заедничкиот пазар, кој е заштитет од Шенген зоната, наведува Орбан.

Унгарскиот премиер смета дека придонел за спасување на европскиот модел и „начинот на живот“ на своите граѓани со затворање на границите на Унгарија за бегалците. Тој побара соодносот на силите во ЕУ да биде изменет во корист на државите наспроти европските институции.

Орбан јавно изрази незадоволство од претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер поради предлогот за распределба на мигрантите преку систем на квоти, кој беше отфрлен од источноевропските земји.

Би можело да ве интересира

Закани кон Орбан: Ќе има последици ако не поддржиш санкции за Русија

А1он

Орбан: Претседателството на Трамп ќе предизвика нов бран на десницата во Европа

Орбан: Ќе се раздени ново утро на Западот откако Трамп ќе ја преземе власта

САД воведоа санкции за шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан

Горан Наумовски

Орбан: ЕУ ја загуби војната во Украина

Орбан до Зеленски: Прекин на огнот во Украина за време на Божиќ се уште важи, ваша е одговорноста