Подобро ми беше во Гвантанамо, отколку во БиХ, тврди египетски исламист

Од:

Египќанецот Тарик ал Савах, кој по 14 години минати во Гвантанамо, во јануари годинава беше префрлен во Босна и Херцеговина, тврди дека подобро му било во затворот во американската воена база на Куба, отколку што му е сега во Сараево.

Во интервју за белградскиот весник „Вечерње новости“, Савах раскажува дека по префрлањето од Гвантанамо во БиХ, извесен период минал затворен во локален центар за мигранти, по што бил ослободен, но му е забрането да ја напушти територијата на Кантотнот Сараево.  
 
– Мој побратим од Гвантанамо кој беше префрлен во Црна Гора нема никакви ограничувања и живее како слободен човек, додека јас дури немам ни документи за идентификација. На што личи тоа, вели Савах.
Тој тврди дека врз основа на договорот меѓу Вашингтон и Сараевао, БиХ треба да му обезбеди услови за живот како „на секој нормален човек“. 

Савах потекнува од Египет, за време на Војната во БиХ добил босанско државјанство, бидејќи се борел како доброволец-муџахедин на страна на муслиманските сили. Во 2007 година, властите во Сараево му го одзеле државјанството, поради што тој поднел тужба против државата БиХ за кршење на неговите човекови права.

Савах бил затворен во Гвантанамо во 2002 година под обвинение за тероризам, но по 14 годиние е ослободен поради недостиг на докази.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Дијана (27) загина во автомобилот со соседот и трите деца: Очевидци ги опишаа деталите за страшната сообраќајка кај Ушче

Предраг Петровиќ

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ