Сопственикот на „Гавриловиќ“ обвинет за воено профитерство

Од:

Хрватското Биро за борба против корупцијата и организираниот криминал (УСКОК) денеска покрена обвинение за воено прифетсртво против сопственикот на Месната индустрија „Гавриловиќ“, Ѓуро Гавриловиќ, јави ХИНА.

УСКОК го товари Гавриловиќ дека за време на војната во Хрватска во 90-те години на минатиот век купил повеќе претројатија од составот тогаш државната месна индустрија во стечај „Гавриловиќ“ за два милиони германски марки (еден милион евра), кои биле наменети за потребите на одбраната на земјата. Според обвинението, користењето на овие средства му ги овозможил тогашниот хрватски министер за финансии Јозо Мартиновиќ.

Во обвинителниот акт е наведено дека Гавриловиќ, кој е австриски државјанин, ги искористил воените околности и проблемите на државните органи при набавката на оружје и воена опрема и „за себе да прибавил материјална корист“.
 
Вредноста на претријатијата што ги купил Гавриловиќ, тогаш била проценета на 68 милиони германски марки (34 милиони евра). 

Гавриловиќ се обврзал дека ќе плати нашто над 3,3 милиони германски марки за откуп на претпијатијата, иако според тврдењето на УСКОК, тој во тое време немал толку пари, ниту располагал со банкарска гаранција врз основа на приватен имот.

– Потоа знаејќи дека едно лице, од кое претходно побал помош за купување на компанијата во стечај, на своја сметка во странство има два милиони марки за потребите на одбраната на Хрватска, од воениот министер за финансии Јозо Мартиновиќ побарал да му наложи на тоа лице да ги уплати парите во негова полза, стои во обвинението на УСКОК.
Според обвинението, по налог на Мартиновиќ на почетокот на 1992 година наведеното лице му ги префрлило парите на Гавриловиќ, кој потоа ги искористил за купување на компанијата „Гавриловиќ“.
Со оваа трансакција, на штета на државата, Гавриловиќ оставрил заработка од 7,8 милиони куни (околу еден милион евра). 
Ѓуро Гавриловиќ ги отфрла ваквите обвинувања, тврдејќи дека станува збор за „хајка на државата“ против него и дека Месната индуструја „Гавриловиќ“ ја купил на законски начин.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Дијана (27) загина во автомобилот со соседот и трите деца: Очевидци ги опишаа деталите за страшната сообраќајка кај Ушче

Предраг Петровиќ

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ