Канаѓанецот Рик Нелсон шетал со куче во близина на неговиот дом во Онтарио кога од грмушка со главата се покажало бебе-мече. Секако, набрзо пристигнала и мајката на мечето.
За среќа, Рик бил поранешен боксер, па и покрај непријатното изненадување останал присебен, а на мечката и удрил неколку удари по што таа се завртела и си заминала.
Женката имала околу 150 килограми, а 61-годишникот помина со неколку гребнатинки на лицето и рацете.
– После неколку удари таа само се сврте и замина со младото, така што навистина имав среќа, рече Рик. И покрај непријатната средба, поранешниот боксер апелира на луѓето да ги почитуваат црните мечки и нивната територија.