Сарачини во посета на Словачка

Од:

Mинистерот за економија, Ваљон Сарачини, денеска и утре престојува во посета на Република Словачка, каде што ќе оствари средба со словачкиот министер за економија, Томас Малатински.

На средбата, соопшти Министерството, ќе бидат дискутирани темите од областа на туризмот, трговијата, а ќе се отвори и прашањето за интензивна промоција на можностите и условите за инвестирање во Македонија, со посебен осврт кон прашањата поврзани со регионалната соработка и енергетиката.

Министрите ќе потпишат и меморандум за економска соработка меѓу двете земји со желба за унапредување на економската соработка во областите од заемен интерес, но и размена на искуства во областите на процесот за пристапување во Европската унија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница