Јолевски на Самитот на НАТО во Варшава

Од:

Во полскиот главен град Варшава денеска и утре ќе се одржува Самитот на Северно – атлантската Алијанса – НАТО на кој ќе присуствува и министерот за одбрана Зоран Јолевски.

Јолевски ќе има обраќање на Состанокот на министри за одбрана за платформата за интероперабилност, а се очекува да оствари и повеќе билатерални средби со своите колеги, министрите за одбрана на земјите-членки на Алијансата.

На 1 јули Кабинетот на Ѓорге Иванов информираа дека тој нема да учествува на Самитот на НАТО во Варшава, поради игнорирање на меѓународното право, пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, геополитичките аспекти и безбедносните предизвици во регионот.

Се додека не се земат предвид овие факти, посочија од Кабинетот, претседателот Иванов нема да учествува на самити на НАТО, а Република Македонија ќе биде претставувана на ниво на министри за одбрана и за надворешни работи, пракса воспоставена од самитот во Кардиф во 2014 година.

Би можело да ве интересира

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

Москва предлага пакт со НАТО

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници