Стопанската комора на Македонија и македонско-руската стопанска комора денеска организираат македонско-руски бизнис форум, со цел воспоставување билатерални деловни контакти со руските компании од неколку стопански сектори како земјоделство, трговија на големо и мало, увоз на производи за широка потрошувачка, облека и обувки, прехранбена индустрија и друго.
Бизнисмени од Тамбовската област, од Руската Федерација престојуваат во Република Македонија, со цел воспоставување деловни контакти со компании од земјата од повеќе стопански дејности.
Тамбовката област е федерален регион во Русија, се наоѓа околу 460 километри јужно од главниот град, еден од главните центри за нанотехнолошки иновации. Според пописот од 2002 година, во оваа област живеат 1,2 милиони жители. Административен центар е градот Тамбов.