Германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл денеска повторно е во Скопје.
„Надоврзувајќи се на неговите претходни посети од минатите недели, амбасадорот Хаiндл одново ќе разговара со партиите, потписнички на договорот од Пржино, како и со претставници на меѓународната заедница“, соопшти Германската амбасада во Скопје.
Никој не прецизира што ќе што ќе биде главен приоритет на неговите разговори со лидерите на партиите.
Хајндл, за време на престојот во Скопје, покрај со потписниците на Пржинскиот договор, ќе разговара и со претставници на меѓународната заедница.
Тоа ќе биде четврта посета на Хајндл на Скопје од почетокот на мај годинава кога беше назначен за специјален пратеник на министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнамер со мандат да помогне во надминувањето на политичката криза во Македонија.
При последната посета на Скопје, Хајндл порача дека времето истекува.
„Добра вест е дека има излез од оваа криза, а тоа е договорот од Пржино и правилата и принципите наведени во него го покажуваат патот на демократија, стабилност и евроатлантска интеграција. Лошата вест е дека овој процес беше закочен, кризата продолжува да и наштетува на земјата и искрено кажано, времето истекува“, изјави Хајндл, по средбите во Скопје.
Тој тогаш изнесе три барања до партиите:да се усогласи датумот за избори, овозможување услови за фер изборен процес, Специјалното јавно обвинителство непречено да работи, како и ставање на земјата на прво место.