Бегалската криза ќе биде меѓу темите на разговор на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, кој вечерва заминува во посета на Холандија на покана на холандскиот крал Вилем Александер.
Павлопулос ќе се сретне и со холандскиот премиер Марк Руте, со кого ќе разговара за иднината на Европската унија по одлуката за Брегзит и за развојот на грчката економија.
Руте за весникот „Та неа“ изјави дека бегалската криза се уште е во почетна фаза.
Се очекува Руте да го сподели со грчкиот претседател несогласувањето во однос на натамошното проширување на ЕУ и да го изрази ставот дека Европа треба да се концентрира на основните принципи, кои се однеусваат на гарантирањето на безбедноста и отворање работни места за нејзините граѓани.