Спасовски во Жировница: Власта не ги исполнува условите за фер избори зашто знае дека ќе загуби и ќе следува одговорност

Од:

Генералниот секретар на СДСМ денеска помеѓу граѓаните од населените места во реканскиот крај.

Во Жировница Спасовски во разговор со жителите кажа дека кризата во којашто Никола Груевски ја втурна Македонија треба што побрзо да заврши и да се избере нова, кредибилна, демократска и одговорна власт којашто ќе се зафати со решавање на наталожените проблеми во интерес на сите граѓани.

-Час поскоро треба да заврши оваа криза што ја предизвика Никола Груевски. Секој изминат ден со оваа криминална власт носи нови штети за граѓаните и за Македонија. Последна потврда за тоа е кратењето на средствата од ИПА фонодовите поради погрешни политики на власта во заминување и неспроведувањето реформи, рече Спасовски.

Спасовски додаде дека власта ги кочи процесите за изнаоѓање решение и исполнување на сите услови за фер избори затоа што знае дека ќе загуби и ќе следува одговороност за целокуониот криминал.

-Се плаши ВМРО-ДПМНЕ од фер избори, се плаши од чистењето на списокот, затоа одолговлекува и блокира. Но, нема бегање, фер избори ќе има. Клучните услови за фер избори мора да се исполнат. Причистување на избирачкиот список, реформи во медиуми и Влада којашто ќе спроведе слободни, фер и деморатски избори во Македонија, рече Спасовски.

Вечерва, генералниот секретар на СДСМ е помеѓу граѓаните на Јанче и заедно со нив ќе присуствува на Ифтар вечера, приредена по повод светиот муслимански месец Рамазан.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Со одбивањето на амандманите, власта покажува дека нема слух за основните проблеми на граѓаните

А1он

(ВИДЕО) СДСМ поднесе амандман за трагедијата во Кочани, 934 милиони денари помош за настраданите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ на секој начин ја отежнува и така тешката ситуација и на Кочани и на оние коишто настрадаа во несреќата

А1он

Спасовски: Славевски нема да добие поддршка од опозицијата

СДСМ повторно го поднесе Законот за поддршка на настраданите во Кочани

Катерина Ѓуровски

Акција на Финансиката полиција, осомничена блиска роднина на екс министерот Оливер Спасовски