Репрезентацијата на Велс успеа да се пласира во полуфиналето на ЕУРО 2016 откако синоќа во Лил ја победи Белгија со 3:1. Во полуфиналето на 6 јули во Лион ќе игра против Португалија, која во првото четвртфинале беше поуспешна од Полска по изведување пенали.
Натпреварот не навестуваше пласман на Велс во следната фаза бидејќи Белгија во 13.минута поведе со голот на Раџа Наинголан. Велс брзо се врати резултатски откако Ешли Вилијамс во 31 минута успеа да изедначи. На почетокот на вториот дел (55 минута) Хал Робсон-Кану ја навести победата на Велс, а конечните 3:1 ги постави Сем Вокес во 86 минута.
Вечерва се игра третиот четвртфинален дуел од шампионатот во Бордо од 21 часот играат Германија – Италија, а утре во Париз е последното четвртфинале меѓу Франција – Исланд.