Во Клиничкиот центар во Бања Лука, почина 30-годишната Јелена Тиркиќ од Приједор, која одбила да се лечи со силни цитостатици за туморот на мозокот за да стане мајка, соопштиле денеска од здравствената установа.
Во 2007-та година на Јелена и е откриен тумор на мозокот, а по две операции одлучила да си ја оствари својата голема желба – да роди дете и да почувствува како е да се биде мајка, во што добила поддршка и од сопругот.
За време на бременоста, лечењето е запрено, а болеста напредувала, така што прогонозите за нејзиното опоравување биле неизвесни.
Пред 39 дена таа го родила синот Никола.
Иако болна, Јелена го завршила и Економскиот факултет на почетокот на оваа година.