Секоја година околу 275 илјади луѓе одат на разгледување на оригинална дестилерија каде славниот Џек Даниел го произведувал почуларното виски „Џек Даниелс“ уште од 19 век.
Тие ја слушаат истата приказна: „Некаде околу 1850 година кога се уште бил момче, Даниел започнал да работи кај еден свештеник, кој произведувал и продавал виски под името „Дејна Кала“. Свештеникот бил многу зафатен и кога видел дека младиот Даниел има телант и желба, го научи момчето како се произведува виски“. Сето останатото е историја.
„Џек Даниелс“ денее е еден од најпродаваните вискија во светот.
Но, годинава, кога овој бренд ја слави 150-годишнината од постоењето, компанијата „Џек Даниелс“ реши „да ја признае“ вистината.
Имено, младиот Даниел не бил тој кому му била пренесена тајната за состав на „Дејна Кала“, туку тоа бил од еден од неговите робови, маж по име Нирис Грин.
За ова со години посотеја гласини, но компанијата таквите наводи никогаш официјално не ги потврди. Се до сега.
Се претпоставува дека тие не сакаат да бидат поврзани со робовладетелството, но сега се решени достојно да му се заблагодарат на човекот без кого не би посотело ова виски.
– Ние на крајот чекавме нешто како „трклезна“ годишнина за да започнеме отворен разговор за нашата историја, рече Нелсон Еди, историчар, вработен во музејот на „Џек Даниелс“.