Претседателот на СПУКМ, Кирил Спировски, дојде да гласа на Правниот факултет, но не го оствари правото со оглед дека нема паравани со што би се гарантирала тајноста на гласањето. Не му беше дозволено да гласа во такви услови, но и тој кажа дека се откажува додека не се исполни условот да има паравани.
Студентите од Студентскиот парламент најавија дека ќе ги блокираат влезовите и нема да дозволат да гласаат на студентите. Дојдов да го остварам своето избирачко право, рече Кирил Спировски откако пристигна, но не гласаше зошто нема паравани.
-Тоа е во надлежност на изборната комисија, не е во моја надлежност, би сакал да го испочитувам своето право на тајност на гласањето и тоа би го направил кога ќе се испочитува и ќе почекам да се оствари тоа, рече Сприровски.